Претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе ја дочека Новата Година со семејството и пријателите.

Шефот на државата традиционално денеска ќе им се обрати на граѓаните на Русија. Први кои ќе го видат неговото обраќање се жителите на Анадирја и Петропавловск-Камчатски, каде Новата Година почнува во 13 часот по средноевропско време.

И покрај тешката епидемиолошка ситуација во Русија се очекува дека претседателот Путин нема да се откаже од традиционалното прославување на Божик во некои од руските региони.

Како што потврдува неговиот портпарол Дмитриј Песков, Путин планира да патува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.