Францускиот весник „Либерасион“ на насловната страница објави фотографија од рускиот претседател Владимир Путин, облечен како тајниот агент Џејмс Бонд, кој во раката држи вакцина.

Фотографијата е потпишана со пораката „Утрешнината никогаш не умира“, што е наслов на еден од филмовите со Џејмс Бонд.

Весникот посветува четири страници за развојот на руската вакцина и ситуацијата со епидемијата во Франција. Се наведува дека вакцината е именувана по вештачкиот сателит, кој „го изненадил целиот свет со претекнување на Американците во вселенската трка во октомври 1957 година“.

По објавувањето на руската вакцина, на социјалните мрежи се појавија разни илустрации, на кои е прикажан Путин со вакцината. На една од нив, Путин го вакцинира американскиот претседател Доналд Трамп, а на друга, тој јава мечка и носи вакцина.

Самиот Путин, на својот официјален фејсбук профил ја објави фото-монтажата на која јава мечка и како спасител на светот му ја носи вакцината против корона вирусот.

Во текстот под сликата, Путин наведува дека Русија го спасува светот, затоа што вакцината ќе биде достапна и во повеќе други земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.