Заврши големата годишна прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин, која траеше вкупно три часа и 56 минути, одговарајќи на 55 прашања.

На крајот од прес-конференцијата, рускиот претседател на сите им ја честиташе претстојната Нова година и замина од салата.

Настанот се одржа во изложбениот центар Манеж во Москва, а годинава за него беа акредитирани 507 претставници на медиуми, вклучително странски и регионални.

Минатата година прес-конференцијата траеше четири часа и 29 минути, а Путин одговори на 60 прашања. Тогаш, поради пандемијата на Ковид-19, настанот се одржа во онлајн формат, а претседателот комуницираше со медиумите преку видео линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.