Претседателот на Русија, Владимир Путин помина неколку дена на одмор во Сибир, каде што повеќе од времето го поминал со риболов, објавија од Кремљ.

Путин претходно беше во кратка самоизолација, откако неколку лица од неговиот потесен круг беа позитивни на Ковид-19.

Кремљ објави дваесетина фотографии на кои се гледа како Путин лови риби, шета по ливади и разговара со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, неговиот вообичаен придружник за одмор.

Кон средината на септември, рускиот претседател соопшти дека ќе мора да помине „неколку дена“ во самоизолација, откако десетици луѓе во неговата околина се заразиле со корона вирусот.

Поради самоизолацијата, Путин мораше да го откаже патувањето во Таџикистан, на кое требаше да присуствува на безбедносниот самит.

Претседателот Путин прими две дози од руската вакцина „Спутник В“, а Кремљ соопшти дека тој се чувствува добро и здраво.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.