Рускиот и францускиот претседател, Владимир Путин и Емануел Макрон, денеска разговарале за повеќе прашања и соработка во меѓународните работи.

Информацијата ја соопшти денеска прес-службата на Кремљ.

Во телефонскиот разговор, двајцата лидери со посебно внимание разговарале за проблемите на стабилноста и безбедноста на европскиот континент, пренесува ТАС С.

Разговорот бил инициран од француска страна, според агенцијата.

Кога станува збор за украинската криза, двајцата претседатели се залагаа и за зајакнување на процесот на преговори за спроведување на Договорот од Минск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.