Руските лекари и медицинскиот персонал кој е ангажиран во борбата против коронавирусот во наредните три месеци ќе биде дополнително стимулирани: лекарите ќе добиваат, покрај платата, и по 80.000 рубљи (околу 1.000 евра), а медицинските сестри по 50.000 рубљи.

Лекарите од итната помош ќе добиваат стимулација од 50.000 рубљи, а медицинските сестри и браќа, како и возачите, по 25.000 рубљи.

Во последните 24 часа продолжи порастот на бројот на заболени од коронавирусот во целата Русија и регистрирани се 1.459 случаи, од кои Москва има 857, додека Санкт Петербург само 44. Досега во Русија умреа 76 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.