Претседателите на Русија, Иран и Турција – Владимир Путин, Хасан Рохани и Реџеп Таип Ердоган утре ќе одржат трилатерална видео конференција, откри во вторникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Главната тема на дискусијата ќе биде постигнување на решение на воените конфликти во Сирија, а говорите на претседателите ќе бидат достапни за медиумите, рече Песков.

Досега се одржани пет состаноци за војната во Сирија во кои учествуваа тројцата лидери, а претходниот се одржа во септември 2019 година во Анкара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.