Русија денес пријави 9,623 нови случаи на заразени со коронавирус, досега најголем дневен скок од почетокот на пандемијата во оваа земја, со што вкупниот број на заразени се искачи на 124,054 лица.

Бројот на починати во земјата се искачи на 1,222 откако во изминатите 24 часа беа регистрирани 57 починати.

Русија до крајот на март беше во делумен карантин кој беше донесен поради сузбивање на пандемија. Во главниот град Москва кој е најголемо жариште лицата кои немаат посебна дозовла за слободно движење можат да ги напуштат своите домови само за да одат во продавница, да го прошетаат својот миленик или да фрлат ѓубре.

Претседателот на земјата, Владимир Путин нареди рестриктивните мерки кои вклучуваат и неработни денови да продолжат најмалку до 11-ти мај. И покрај тоа што има релативно мал број на починати, сепак руските власти и натаму тврдат дека во земјата нема поминато врвот на епидемијата.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин апелираше граѓаните на главниот град да останат во своите домови. Тој порача дека бројот критично расте и дека можно е во следниот период драстично да го намали бројот на дигитални пропусници за слободно движење низ градот ако ситуацијата не се подобри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.