Рускиот претседател Владимир Путин, принуден да се изолира поради случаи на коронавирус меѓу оние што стапија во контакт со него, рече дека има „неколку десетици“ заразени со Ковид-19 околу него.

Знаете дека, за жал, бев принуден да ја откажам посетата на Душанбе во последен момент. Многу ми е жал, но причината е што, како што знаете, случаи на коронавирус се пронајдени во мојата непосредна околина”, рече рускиот претседател, кој зборуваше преку видео врска на самитот на Организацијата за договор за колективна безбедност што почна во главниот град на Таџикистан. „Ова не е еден, не двајца, туку неколку десетици луѓе“, рече Путин. Тој се извини што не можел лично да присуствува на состанокот и рече дека ќе остане во изолација „неколку денови“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.