Три лица биле застрелани за време на средношколски фудбалски натпревар во петокот во Толедо, Охајо, а нивната состојба не е опасна по живот, соопшти полициската управа во Толедо.

Двајца возрасни и еден ученик биле застрелани и пренесени во локална болница.

Натпреварот се играл во средното училиште Витмер, а пукањето се случило на улицата веднаш до стадионот. По пукањето на стадионот настанало стампедо, а играта била прекината.

Полицијата уапси две лица за кои велат дека се поврзани со пукањето.

Многу сме тажни што забавното ривалство вечерва беше прекинато со акт на насилство на улица за време на натпреварот. Она што го знаеме во овој момент е ограничено и нема да шпекулираме додека не се дознаат дополнителни детали. Ваков настан во секое училиште е најлош кошмар, рече утринава директорката на локалното училиште, Кади Анштад.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.