Во пукањето во училиште во Казан, Русија, 32 лица се повредени и пренесени во болници, изјави за ТАСС извор од Министерството за образование.

Според последните податоци, во нападот се убиени 11 лица, од кои девет се деца.

Утрово две неименувани лица отвориле оган кон училиштето број 175 во Казан, по што одекна експлозија.

Според извор, сигнал од копчето за паника во училиштето во Казан пристигнал во 09:25 часот, а пукањето започнало во 09:20 часот. Во тоа време, во училиштето имало 714 деца и околу 70 вработени, од кои 52 наставници.

Неколку деца скокнале од третиот кат на училиштето, бегајќи од напаѓачите кои почнале да пукаат.

Еден од напаѓачите во училиштето во Казан влегол со автоматско оружје низ главниот влез на зградата и веднаш отворил оган, изјави извор од Министерството за образование.

Маж со митралез влегол низ главниот влез на зградата и веднаш отвори оган. Го повреди домаќинот во училиштето, кој бил на влезот, рекол извор, пренесуваат руски медиуми.

Приведен е малолетник, 17-годишен тинејџер, виновен за пукањето. Вториот напаѓач, за кого очевидци велат дека сè уште бил во училиште и веројатно држел заложници, е убиен од безбедносните сили.

Во моментов сите деца се евакуирани.

Полицијата отвори кривична истрага за инцидентот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.