Берлинската полиција соопшти дека ја контролирала ситуацијата по пукањето при обид за вооружен грабеж во продавница во германската престолнина.

Во моментов веруваме дека куршумот бил истрелан во обид за грабеж во продавница во Фридрихштрасе. Ние ја држиме ситуацијата под контрола“, соопшти германската полиција на Твитер без да прецизира дали некој е повреден, пренесе „Ројтерс“.

Германски „Билд“ претходно објави на веб-страницата дека поради евентуален грабеж биле испратени голем број полицајци на контролниот пункт Чарли, место каде што бил славниот премин на Студената војна меѓу источниот и западниот дел на Берлин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.