Зградата на Пентагон во Вашингтон е блокирана, и на ниту еден од вработените не им е дозволено да заминат, откако се случи престрелка во близина на една метро станица, објави Агенцијата за воена заштита на Пентагон на Твитер.

Пукањето се случило пред зградата, на градска метро станица, која е главниот влез за илјадници вработени во Пентагон, јавија американските медиуми.

Најмалку едно лице е застрелано. Возовите од метрото добија наредба да го заобиколат Пентагон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.