Најмалку еден агент на ФБИ денеска отвори оган врз вооружен маж кој се појавил на платото пред главниот влез во седиштето на ЦИА во Вирџинија, соопштија властите.

Во соопштението на ФБИ се наведува дека осомничениот излегол вооружен од својот автомобил, поради што агенти на ФБИ отвориле оган и го повредиле.

Напаѓачот, кој досега не е идентификуван, веднаш бил пренесен в болница и засега нема информации за неговата здравствена состојба.

– Го анализираме инцидентот и ќе настојуваме колку е можно побрзо да дојдеме до конкретни заклучоци, се додава во соопштението на ФБИ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.