Три лица се убиени, вклучувајќи и двегодишно девојче, а неколку се повредени, откако напаѓач денес отворил оган во еден трговски центар на Тајланд.

Маскираниот човек провалил во продавница во Лопбури северно од Бангкок во околу 21 часот по локално време, односно во 15 часот по средноевропско време.

Медиумите пренесуваат дека убил еден човек од обезбедувањето, а потоа и млада жена која работела во златарница. Потоа било застрелано и двегодишно девојче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.