Карлес Пуџдемон ја нарече „свирепа“ пресудата на Врховниот суд на Шпанија со која деветмина каталонски лидери се осудени на затворски казни.

„Време е за реакција….. за иднината на нашите синови и ќерки. За демократијата. За Европа. За Каталонија“, напиша на Твитер поранешниот лидер на регионалната каталонска влада Пуџдемон.

Пуџдемон го водеше овој шпански регион во време кога имаше обид за прогласување независност во 2017 година, за кое и им се судеше на каталонските лидери, пренесуваат британските медиуми.

Медиумите потсетуваат дека нему не му се суди бидејќи побегнал во Белгија, каде живее во егзил.

Шпанскиот Врховен суд денеска осуди девет поранешни каталонски политичари и активисти за човекови права на казни од девет до 13 години затвор заради нивната улога во неуспешното прогласување на независниста на Каталонија во 2017 година.

Тројца други обвинети се прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни, пренесоа британските медиуми.

Поранешниот претседател на каталонската Влада Ориол Хонкурес е осуден на 13 години зтавор заради бунт и злоупотреба на јавните фондови, наведуваат американските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.