Белгискиот суд го ослободи поранешниот лидер на Каталонија, Карлeс Пуџдемон без кауција откако тој утрово доброволно им се предаде на белгиските власти.

Пуџдемон придружуван од неговите адвокати, доброволно се појавил пред белгиските власти, откако Шпанија издаде нов налог за негово апсење после изрекување на казната за неговите колеги, кои исто така се залагаа за независност на Каталонија

Поранешниот каталонски лидер го отфрлил налогот за апсење и се спротивставил на секој обид да биде вратен во Шпанија.

Сепак, шпанскиот Врховен суд соопшти дека истражен судија ги известил белгиските судски власти дека Пуџдемон нема пратенички имунитет, што би можело да ја спречи неговата екстрадиција во Шпанија.
Пуџдемон, заедно со неколку соработници, избегаа во Белгија во октомври 2017 година, откако беа повикани на суд за обид за отцепување и одржување референдум за независност на Каталонија.

Врховниот суд во Мадрид во понеделникот осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешниот обид за отцепување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.