Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 80 се повредени во Судан по судирите меѓу цивилите и припадниците на војската.

Во понеделникот беше обид за воен удар во суданскиот Картум, додека генералот на воените сили беше принуден да прогласи вонредна состојба.

Лидерот на пучот Абдел Фатах Бурхан изјави дека акцијата е направена како резултат на внатрешно-политички борби, нагласувајќи дека немирите низ кои поминува земјата ја загрозуваат иднината на народот.

Пучот го осудија западните држави, додека САД, наводно, суспендирале повеќе од 700 милиони долари наменети за помош за Судан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.