Шведскиот премиер, социјалдемократот Стефан Левен, денеска е соборен од власт откако парламентот му изгласа недоверба на неговата влада. Ова е првпат во политичката историја на Шведска да ѝ биде изгласана недоверба на една влада.

Левен има рок од една недела да поднесе оставка или да побара нови избори. Повеќе од 180 пратеници гласаа против премиерот.

Националистичката партија на Шведските демократи ја искористи можноста да побара гласање за недоверба по седум дена откако партијата Левица ја повлече поддршката за владата.

Привремена влада ќе има до редовните избори во септември следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.