Државната обвинителка Суела Брејверман денеска стана првата членка на британската Влада која го искористува породилното отсуство, а притоа ја задржува својата работа, бидејќи во сила стапи новиот закон што го дозволува тоа.

Брејверман е британски државен обвинител и следните шест месеци ќе биде заменета во работата од една од нејзините заменички, а заменичката ќе продолжи да си ја прима платата.

Идната мајка, која го очекува своето второ дете, во видео порака на Твитер изјави дека е воодушевена што стана дел од историјата. Таа ја поздрави пресвртницата во нејзината земја и додаде дека тоа е порака за сите млади жени кои сакаат да ја продолжат својата политичка кариера.

Според претходниот закон, членовите на владата мораа да дадат оставка доколку сакаат породилно отсуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.