Кина објави дека ќе ги отвори своите граници за странски туристи за првпат по три години од избувнувањето на пандемијата на ковид-19 така што од утре ќе го обнови издавањето на сите видови визи.

Во областите за кои не беше потребна виза пред пандемијата, ќе се врати безвизниот режим, соопшти министерството за надворешни работи.

Влезните и излезните меѓународни летови минатата недела се зголемија за повеќе од 350 отсто во споредба со истиот период во 2022 година на речиси 2 500 летови, според „АПП Флајт мастер“ (APP Flight Master). Сепак, ова е само 17,4 отсто од летовите од 2019 година.

Пекинг ја напушти својата драконска политика за нулта ковид во декември, а во јануари го укина барањето за самоизолација за патниците по пристигнувањето во Кина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.