Американскиот министер за здравство, Алекс Азар, најави дека првите две вакцини за Ковид-19 во САД ќе бидат пуштени во оптек до Божиќ.

ваквата изјава на Азар доаѓа откако фармацевтската компанија „Модерна“ побара од ресорните органи одобрение за итно пуштање на вакцината во промет.

Во САД Божиќ се слави на 25 декември.

Како што изјави Азар во утринската програма на телевизијата Си-Би-Ес, тој и потпретседателот Мајк Пенс планираат да разговараат со гувернерите на сојузните држави за тоа кои групи на население треба први да бидат вакцинирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.