Директорот на американската компанија „Твитер“, Џек Дорси изјави дека блокирањето на профилот на претседателот на САД, Доналд Трамп на социјалните мрежи било правилната одлука.

Сепак, Дорси изрази жалење поради, како што наведе, вонредните и неиздржливи околности околу трајната суспензија на Трамп од Твитер. Според него, тоа е опасен преседан.

Дорси потсети дека суспензијата следувала по повеќе предупредувања испратени до американскиот претседател поради спорните содржини на неговите пораки.

Истовремено, Дорси истакна дека го прифатил фактот дека таа постапка ќе има последици за отворениот и слободен интернет.

Според неговите зборови, забраната е дел од неуспехот на „Твитер“ кој не направил доволно за да покрене „здрава конверзација“ на платформата.

Дорси додава дека не славел, ниту, пак, чувствува гордост поради суспендирањето на профилот на Трамп до што дојде по немирите во Вашингтон минатата недела.

Германската канцеларка Ангела Меркел и мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, како и рускиот дисидент Алексеј навални, јавно се огласија против постапката на „Твитер“, при блокирањето на профилот на Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.