Првата личност во светот што ја прими вакцината на Фајзер против коронавирусот, Британката Маргарет Кинан, ја прими и втората доза, јави Би-Би-Си.

Болницата во Ковентри потврди дека Кинан ја примила втората доза, 21 ден по првата.

Професорот Енди Харди од Универзитетот во Ковентри изјави дека целиот тим е воодушевен што „Маргарет безбедно ја примила втората доза од вакцината“.

Таа стана првата личност во светот што ја прими вакцината на Фајзер откако беше клинички одобрена. Нашиот медицински тим цело време контактираше со неа и нејзиното семејство и среќни сме што таа добро закрепнува дома, откако беше пуштена од болница, рече професорот Харди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.