Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на министерскиот состанок на Арктичкиот совет во Рејкјавик треба да се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Тоа ќе биде првата американско-руска средба на високо ниво откако американскиот претседател Џозеф Бајден стапи на должност на 20 јануари.

Средбата, која се одржува во време на зголемени тензии меѓу Москва и Вашингтон околу Украина и наводни руски хакерски напади врз САД, ќе биде посветена на подготовките за јунскиот самит на Бајден и рускиот претседател Владимир Путин.

Билатералната средба ќе се одржи по завршувањето на вечерта на последниот настан на Арктичкиот совет и ќе даде можност да го тестираме предлогот дали можеме да постигнеме однос со Москва што ќе биде постабилен и предвидлив – соопшти портпаролот на Стејт депарментот, Нед Прајс.

Според руското Министерство за надворешни работи, на средбата меѓу Лавров и Блинкен ќе се разговара за „клучните прашања на меѓусебните односи и меѓународната агенда“.

Арктичкиот совет е форум составен од осум земји, САД, Русија, Канада, Исланд, Данска, Норвешка, Шведска и Финска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.