Министрите за одбрана на Австралија и Кина денеска ја имаа првата средба во последните три години и нивниот разговор беше оценет како „прв важен чекор“ по долг период на напнатост.

Разговорот меѓу Ричард Марлс и неговиот кинески колега Веи Фенге, што траеше повеќе од еден час, се одржа на маргините на безбедносниот форум „Дијалогот Шангриг“ во Сингапур.

Ова беше можност за нас да имаме многу отворена и целосна размена на информации за време на која покренав голем број прашања од интерес за Австралија – изјави австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс .

Навистина е важно во овој момент да имаме отворени линии на дијалог, рече Марлс, кој е и вицепремиер на Австралија.

Тој додаде дека односите меѓу Австралија и Кина се „комплексни“ и затоа е навистина важно двете земји да разговараат сега.

Засега нема коментари од кинеска страна за средбата.

Односите меѓу Пекинг и Канбера се затегнати особено откако Австралија пред две години побара независна истрага за потеклото на пандемијата на коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.