Тестот на корона вирус на руски државјанин, кој престојувал во Италија, покажал дека тој е позитивен на Ковид-19, изјави портпарол на рускиот тим за борба против корона вирусот.

Вирусот Ковид-19 е потврден денеска кај руски државјанин кој се вратил од Италија, истакна портпаролот, додавајќи дека кај пациентот е дијагностициран полесен облик на болеста.

Ова е прв случај на корона вирус кај руски државјанин, иако во претходните денови се објавувале информации на социјалните медиуми дека „епидемијата се шири низ Москва“, но руските официјални претставници ги демантирале таквите тврдења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.