Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се потребни вонредни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, за кој тој тврди дека има негативно влијание врз сите сфери на животот во сите земји на светот.

Путин ова го изјави на седница на Врховниот Евроазиски економски совет, што се одржуваше по електронски пат и додаде дека е потребна соработка на сите земји во борбата против епидемијата на коронавирусот.

– Јасно е дека против епидемијата може да се бори само со заеднички напори на меѓународната заедница, рече тој.

Рускиот претседател истакна дека исто така е многу важно членовите на Евроазиската економска унија да соработуваат во борбата против коронавирусот и додаде дека тој поддржува постигнување договор за таква соработка меѓу земјите од овој сојуз.

Во Русија досега има регистрирано 21.102 заразени со новиот коронавирус, од кои 1.694 пациенти оздравеле, a 170 починале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.