Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Амстердам на протест поради „локдаунот“ кој е продолжен за три недели поради спречување на ширењето на коронавирусот.
Ваквите собири се недозволени, а бидејќи демонстраните не сакаа да се разотидат, полицијата употреби водени топови за да ги растера.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Слобода: запрете ја оваа опсада“. Тие не носеа маски и малкумина одржуваа дистанца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.