На протестот на „жолтите елеци” денеска во Брисел дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, која користеше бибер спреј.

Стотици демонстранти одржаа протест против социјалната неправда, а имаше и лица во црни дуксери, кои ги провоцираа чуварите на редот.

На неколку места дојде до конфликт со полицијата, а неколку лица беа уапсени.

Во Белгија и денеска се одржуваат општи избори.

Медиуми наведуваат дека судирите се случиле во близина на седиштето на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.