Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска одржа проштален говор преку кој ги повика Американците да се помолат за успех на новата администрација на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Се борев во тешки битки, во најтешките борби, ги донесов најтешките одлуки зашто тоа е она за што сте ме избрале. Најголемата опасност со која сега се соочува нашата земја е губењето доверба во нашата национална величина, кажа Трамп.

Осврнувајќи се на најголемите успеси на неговата администрација, тој истакна:

Особено сум горд што сум првиот претседател во последните неколку децении кој не почнал ниедна војна“, кажа тој.

Трамп нема да присуствува на утрешната инаугурација на Џо Бајден во Вашингтон.

На 20 јануари, Џо Бајден ќе ја преземе функцијата од Доналд Трамп и ќе стане 46. претседател на САД. На должност тогаш ќе стапи и првата жена потпретседателка, Камала Харис.

Во пресрет на инаугурацијата почнаа да се објавуваат и детали за церемонијата. Поради пандемијата со ковид-19, инаугурацијата во најголем дел ќе биде виртуелна, како што беше и голем дел од изборната кампања на Бајден и Харис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.