Просечната бруто плата во сојузните земји на западот на Германија во ноември изнесувала 4.000 евра, а на истокот на земјата 3.170 евра.

Платите во Германија пораснале во третиот квартал од годинава за 1,5 отсто, што е најсилен раст во последните две години. Ова сигнализира дека потрошувачката на домаќинствата продолжила да ја поддржува економијата во втората половина од годината, објави Државниот завод за статистика на Германија.

Номиналните плати од јули до септември пораснале за 3,6 отсто во споредба со претходниот пердиот, што е најголем раст од второто тримесечје на 2011 година.

Најголем пораст на платите е забележан во секторите недвижнини, култура и забава, додека платите во образованието и останатите услуги пораснале послабо од просекот.

Минатата недела, германската централна банка „Бундесбанк“ ја намали проценката за економски раст оваа година на 1,5 отсто, од претходно проектираните 2 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.