Заменик-министерот за внатрешни работи на Полска, Јарослав Зелински денеска соопшти дека спасувачите го пронашле телото на исчезнатиот бизнисмен и филмски продуцент Пјотр Вознијак-Старак.

Старак (39) беше одговорен за некои од најпопуларните филмови во Полска, а исчезна во саботата, пренесува АП.

Потрагата по неговото тело започна уште во неделата кога минувачите забележале празен чамец на површината на езерото Кисајно во североисточна Полска.

Сè покажува дека неговото тело е пронајдено- рече заменик-министерот, изразувајќи сочувство до семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.