Во морето северно од престолнината на Индонезија, Џакарта, пронајдени се тела и делови од авион, за кој се сомневаат дека се остатоци од патничкиот авион кој исчезна од радарот.

Патничкиот авион Боинг 737 на компанијата Сривиџаја Ер, кој полетал од Џакарта, изгубил контакт со контролата на летот и исчезнал од радарот околу 14.40 по локално време.

Како што се гледа на сајтот Флајт Радар 24 авионот за помалку од минута се спуштил за повеќе од 3.000 метри.

Од компанијата рекле дека собираат повеќе информации за летот пред да излезат во јавност. Во него, неофицијално имало 59 патници, вклучувајќи и пет деца и бебе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.