Пронајдени се двете црни кутии на авионот на индонезиската авиокомпанија, што се сруши во морето во близина на главниот град Џакарта.

Според министерството за транспорт на Индонезија кутиите се локализирани и сега трае процедурата на нивно извлекување.

Боингот 737 500 на индонезиската компанија „Сривиџаја Ер“ завчера исчезна на само неколку минути по полетувањето од аеродромот во Џакарта, а крајна дестинација му бил Понтијанак во провинцијата Западен Калимантан

Авионот во кој имало околу 60 патници се урнал во морето, а засега не се знаат причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.