Авионот „Ан-28“ кој исчезна над Сибир, имал тешко слетување во близина на Томск, сите патници се живи, објави руското Министерство за вонредни ситуации.

Сите луѓе што биле во авионот се живи. Локацијата на тешкото слетување на авионот е откриена во 14,36 часот по локално време – соопшти прес-службата на Министерството.

Сибирската регионална единица за пребарување и спасување, исто така, потврди дека спасувачите го пронашле исчезнатиот авион.

Претходно, руските новински агенции објавија дека авионот, во кој имало до 17 лица, меѓу кои и четири деца, исчезнал од радарот додека летал над сибирскиот регион Томск.

Исто така беше објавено дека екипажот на авионот има три члена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.