Владејачката партија во Cеверна Кореја ги променила своите правила со цел да постави заменик на лидерот Ким Џонг Ун, кој сака да ја обнови внатрешната политика.

Како што објави јужнокорејската новинска агенција „Јохнап“, повикувајќи се на неименувану извори од Cеверна Кореја, во иднина „првиот секретар“ ќе претседава со состаноците во име на Ким Џонг Ун.

Ким ја зацврсти својата позиција на кангрес на Работничката партија одржан во јануари, кога беше избран за генерален секретар, титула што ја носеше неговиот покоен татко, Ким Џонг Ил.

Како што анализира „Јохнап“, со новите промени, Ким Џонг Ун сака владата да игра поголема улога во владеењето, во однос на военото владеење што го спроведуваше неговиот татко.

Минатата година, јужнокорејски пратеник соопшти дека разузнувачката служба на Јужна Кореја го информирала дека сестрата на Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, е прв заменк на лидерот на Cеверна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.