Норвешката конзервативна премиерка, Ерна Сoлберг, го призна поразот на парламентарните избори и му честиташе на, најверојатно следниот премиер, Јонас Гар Стор, чија Лабуристичка партија освои најмногу гласови.
Солберг (60) и нејзината конзервативна коалиција на власт се во Норвешка од 2013 година.
Од своја страна, Јонас Гар Стор, изрази задоволство од победата и најави дека ќе разговара со сите страни за формирање нов кабинет.
Чекавме, се надевавме и работевме напорно, и сега конечно можеме да кажеме: Го направивме тоа!. Норвешка испрати јасен сигнал: изборите покажуваат дека норвешкиот народ сака поправедно општество – изјави Стор, 61-годишниот милионер кој водеше кампања против социјалните нееднаквости.
Признавањето на поразотр на Конзерватовците доаѓа откако првите резултати покажаа дека победил левоцентристичкиот блок. Со преброени 97,5 проценти од гласовите, Лабуристичката партија и четири други партии од левиот центар би можеле да се формираат мнозинство од 100 места.
Потребни се минимум 85 места за да се добие мнозинство во парламентот со 169 пратенички места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.