Британскиот Парламент поради прокиснување на зградата и капење вода во салата за дебата, порано ја заврши денешната седница за даночна политика.

Водата која капела врз седиштата ја примора заменичката претседавач Линдзи Хол да ја прекине седницата.

Долниот дом на британскиот Парламент поради прокиснувањето на зградата ја прекина седницата два часа порано, додека Горниот дом во другиот дел на зградата ја продолжи дебатата за Брегзит.

Вестминистерската палата со децении е запуштена и често се потребни поправки и надоградби.

Плановите за реставрација кои беа претходно направени предизвикаа противење од страна на многу членови на Парламентот затоа што поради тоа пратениците ќе треба некое време да се откажат од традиционалните места и да се преместат во друга зграда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.