Евентуален брегзит без договор би имал катастрофални последици врз водечките европски производители на автомобили. Тие предупредуваат дека во случај на брегзит без договор врз автомобилите и минибусите ќе се воведат царини и такси според правилата на СТО што ќе ги чинат производителите и потрошувачите околу 5,7 милијарди евра.

Брегзит не е само британски проблем – изјави Кристијан Пежо, претседател на француската организација на производители на автомобили. Според него не само извозниците во Британија туку и производителите таму ќе бидат „неизбежно негативно погодени“.

Само во Велика Британија цената на една минута запирање на производтсвото е 54.700 евра – нагласуваат производителите.

Британската автомобилска индустрија е речиси во целост во сопственост на странски фирми и е зависна од фабрики во сопственост на германски, француски и јапонски производители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.