Јапонската метеоролошка служба издаде предупредување поради ерупција на вулкан во југозападниот дел на земјата. Вулканот исфрлил камења речиси еден километар од кратерот на планината Отакe, во префектурата Кагошима.

Нема повредени по ерупцијата, која се случи околу два часот по полноќ по локално време, но метеоролошката служба објави дека во сила е третото ниво на тревога, на петтостепената скала.

Јапонија има повеќе од 100 вулкани и се наоѓа во делот на Тихиот Океан кој е познат како Пацифички огнен прстен поради честите земјотреси и ерупции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.