Турските пожарникари веќе неколку дена се борат со шумските пожари. Десет пожари се уште се активни, вклучително и три во реонот на туристичкиот центар Анталија.

Од 98 пожари што избувнаа во средата во различни региони, 88 се ставени под контрола.

Гаснењето на огнот на брегот на Средоземно Море е отежнато од силните ветрови. Голем број региони и хотели се евакуирани, а туристите се однесени на безбедно место.

Во пожарите досега загинаа четири лица.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган ги прогласи подрачјата зафатени со шумски пожари за „зони на катастрофи“.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со Ердоган потврдил дека Москва ќе продолжи да дава сеопфатна помош за Анкара во гаснењето на шумските пожари.

Во соопштението од Кремљ се наведува дека во телефонскиот разговор била потенцирана „важноста на соработката помеѓу двете земјите во борбата против природните катастрофи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.