Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека тоа што во моментов се случува во сириската провинција Идлиб може да се нарече војна.

Тоа што се случува во Идлиб може да се опише само со зборот- војна. Ние таму веќе почнавме свои операции – рече Ердоган.

Тој додаде дека телефонски ќе разговара со рускиот претседател за ситуацијата во Сирија, како и дека акциите на Турција во Идлиб ќе зависат од резултатот на тој телефонски разговор.

Денеска ќе разговарам со Путин. Ќе разговараме за се што се случува во Идлиб. Резултатите од овој разговор ќе го одредат однесувањето на Турција. Нема да ги напуштиме нашите позиции во Сирија, додека таму трае насилството на силите на сириската Влада – рече Ердоган.

Според него, во текот на операциите во Идлиб, што се одвиваа со поддршка на турските вооружени сили, ликвидирани биле 150 сириски војници, уништени 12 тенкови, три оклопни возила и 14 противвоздушни системи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.