Сириската војска соопшти дека во израелските воздушни напади е погодена област во јужно предградие на Дамаск, за каде сириски воени дезертери тврдат дека има силно иранско воено присуство.

Во соопштението на сириската војска се вели дека Израел извршил напад од Голанската висорамнина, при што е направена само материјална штета. Тоа е втор таков напад за една недела.

Според тврдења на воени дезертери, целта била воена база во близина на сирискиот дел на Голанската висорамнина, долж границата со Израел, која и претходно била на удар.

Израел во средата минатата недела почна со воздушни напади на, како што рече, широк спектар на сириски и ирански цели во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.