Граѓаните на Чиле со големи демонстрации и штрајкови ширум земјата веќе 26 ден бараат поголема економска и социјална еднаквост.

Илјадници луѓе денеска протестираа на улиците на главниот град на Чиле, Сантјаго веејќи знамиња на Чиле и на индијанската група Мапуче.

Приморскиот град Валапараисо е блокиран, а не е функционален ниту јавниот ниту приватниот превоз. Поради протестите затворени се продавниците, бидејќи дел од демонстрантите фрлаа камења врз нив.

Големи демонстрации имаше и во Консепсион во јужниот дел на земјата и во северниот дел во Анрофагасти, каде со барикади беше попречуван сообраќајот.

Во протестите досега загинаа најмалку 20 лица.

Студентскиот протест поради зголемување на цената на метрото се претвори во движење кое бара реформи во образованието, здравството, пензиите и нов устав.

Владата на Чиле вчера се согласи да подготви нов устав, со кој ќе се замени сегашниот кој потекнува од времето на диктатурата на Аугусто Пиноче, а со цел да да ги смири повеќенеделните насилните протести.

Делови од Уставот се изменети неколку пати од 1980 година, кога беше прогласен, но критичарите велат дека новиот устав мора да вклучува заштита на социјалните права и да ја зголеми вклученоста на граѓаните во демократските процеси. Противниците на промена на уставот тврдат дека постојниот устав е столб на стабилноста за Чиле, една од најбогатите земји во Јужна Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.