Германската полиција утрово извршила рација и уапсила осум лица поврзани со ултрадесничарска мрежа под сомение за вмешаност во трговиија со дрога и перење на пари.

Повеќе од 500 полицајци, вклучително и припадници на специјалните единици, извршиле претреси во 27 станови и продавници во неколку германски сојузни држави.

Приведените лица се на возраст од 24 до 55 години.

Според германските медиуми, осомничените биле поврзани со две различни неонацистички групи наводно задолжени за трговија со дрога, а биле вмешани и во илегална трговија со оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.