Француската Влада денеска соопшти дека до 19 април ги откажува летовите помеѓу Бразил и Франција поради бразилската варијанта на коронавирусот.

Со оглед на здравствената ситуација во Бразил… до 19 април е забрането пристигнувањето на патници од оваа земја на територијатра на Републиката, освен превоз на стока, се наведува во одлуката на француската Влада.

Државниот секретар Клеман Бон денеска изјави дека Франција ја разгледува можноста за враќање на француските државјани од Бразил со посебни или индиректни летови, како и можноста за карантин по доаѓањето во земјат.

Во бразил здравствената состојба од февруари постојано се влошува поради појавата на локален сој на коронавирусот, кој е позаразен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.