Австриската полиција уапсила 23 лица и поднела кривични пријави против повеќе од 300 демонстранти кои во Виена протестираа против мерките против ширењето на корона вирусот.

Полицијата соопшти дека демонстрантите не ги почитувале правилата за држење растојание и носење маски. Шестмина од приведените се обвинети и за пружање отпор кон властите.

Собирот почна мирно, но подоцна прерасна во насилство.

На протестот присуствуваа десетици илјади лица, вклучувајќи и членови на десничарската политичка сцена во земјата.

Меѓу учесниците на митингот беше и крајно десничарскиот австриски политичар и поранешен вицеканцелар, Хајнц-Кристијан Штрахе.

Австрија ќе го продолжи карантинот за две дополнителни недели, односно до 8 февруари, соопшти канцеларот Себастијан Курц, објаснувајќи дека тоа е потребно поради ширењето на новата позаразна мутација на корона вирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.