Вториот круг разговори меѓу Белград и Приштина, во Вашингтон започнал околу 20.30 часот по средноевропско време, во Белата куќа, дознаваат српските медиуми.

На разговорите им се придружила и Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател, која е присутна на сите важни дипломатски средби, за кои е особено заинтересиран нејзиниот татко Доналд Трамп, а веќе за утре се најавува и неговото учество во преговорите.

Претходно денес, српскиот министер за финансии Синиша Мали изјави дека на српската делегација ѝ бил предаден документ на почетокот на состанокот во Белата куќа, во кој една од точките подразбирала заемно признавање на Косово и Србија и дека српскиот претседател Александар Вучиќ е под огромен притисок.

Претставниците на Белград и Приштина ќе разговараат два дена во Белата куќа.

Српската делегација е предводена од претседателот Вучиќ, а во неа се и министерот за финансии Синиша Мали, претседателот на трговската комора на Србија, Марко Чадеш и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.