Австрија и Германија се соочени со големо снежно невреме, а алармот поради заканите од лавини е на највисок, петти степен.

Илјадници се без струја или заробени во домовите под дебелата снежна покривка која расте од час во час. Се предвидува дека врнежите нема да престанат до понеделник, а со тоа и проблемите на жителите од Штаерска, Тирол и Салцбург.
Во 11 часот во градот Марктшеленберг дојде до лавина, поради што е прогласена вонредна состојба.

Се очекуваат нови три метри снег , иако дежурните служби веќе се преморени од деноноќното интервенирање. Откажан е и женскот натпревар во скијање , што во сабота и недела требаше да се опдржи во австрискиот ски центар Сент Антон.
Наносите на нов снег предизвикаа кинење на електричните далноводи, уривање на куќи и застој на патиштата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.